
На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј“ осветениот крст во црковниот базен го фати 21-годишниот Давид Дамјановски.
Претходно, архиерејската литургијата, чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф.
– По вторпат скокам по осветениот крст и за првпат успеав да го фатам. Посакувам Господ да дарува здравје, љубов и бериќет оваа година – истакна Давид Дамјановски.
По осветениот крст скокаа и 24-годишниот Давид Ристовски и 23-годишниот Наден Ристовски, сите тројца од населбата Два бреста во Тетово.
МИА