Лидерот на либанскиот христијански блок го критикува Хезболах за претворање на земјата во „бојно поле“

Шефот на либанската христијанска политичка партија Либански сили, Самир Геагеа ја критикуваше терористичката група Хезболах поддржана од Иран дека ја претворила земјата „во бојно поле“, за време на состанокот со амбасадорот на Велика Британија во Либан, Хамиш Кауел, пишува либанскиот медиум LBCI Lebanon.

За време на состанокот, Геагеа ја критикуваше сегашната техничка влада на Либан дека му дава премногу моќ на Хезболах.

„Наместо да ги исполни своите должности да му служи на Либан и неговиот народ, таа го предаде одлучувањето на една фракција, дозволувајќи и на земјата да се претвори во бојно поле“.

Геагеа, исто така, повика да се најде решение за палестинскиот народ во услови на тековната војна меѓу Израел и Хамас во Газа, велејќи дека без тоа, регионот ќе остане нестабилен.

Од смртоносниот напад на Хамас во Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа, силите на Хезболах вршат речиси секојдневни напади врз Израел, лансирајќи ракети, проектили и беспилотни летала од јужен Либан.

„Нема да бидеме сведоци на каква било стабилност во регионот без да се реши палестинското прашање“, рече Геагеа. „Време е да заземеме позиции заедно со активности за ова прашање што го исцрпува регионот, Либан и Палестина повеќе од 70 години“.