
Традицијата во Охрид продолжи и годинава со капење во водите на Охридското Езеро кај месноста Сараиште охриѓани го одбележаа Денот на рибарите.
Во студените води во саботата по одржувањето на утринската литургија заплива и фаќачот на светиот крст годинава 29-годишниот Никола Јакимоски со тајфата придружувани и од други верници.
Охриѓани раскажуваат дека порано, во времето кога било забрането фрлање на светиот крст за Водици, тоа го правеле во раните утрински часови на денот на свети Јован Крстител.