
Илјада јодлари се собраа во саботата во австриското одморалиште Бад Ишл, кое официјално стана Европска престолнина на културата во 2024 година.
Јодларите го започна настапот со модерна верзија на древна техника на пеење во саботата навечер пред да премине на традиционалното јодлање, „едно од најстарите средства за комуникација во алпскиот регион“, велат организаторите.
Како Европска престолнина на културата во 2024 година, Бад Ишл оваа година излезе со разновидна културна програма заедно со 23 општини во регионот Салцкамергут.
„Заедно ќе ја искористиме оваа можност за нов почеток и иднина“, изјави градоначалничката Инес Шилер.
Вицеканцеларот и министер за култура Вернер Коглер потсети дека австрискиот император Франц Јозеф во 1914 година во Бад Ишл ја потпишал објавата за војна на Србија, што ја предизвика Првата светска војна и доведе до деценија насилство.
Додаде дека „демократијата и слободата во Европа сега се на удар“. „Уметноста и културата можат да направат многу во борбата против омразата и агитацијата“, рече Коглер.
Заедно со Бад Ишл, Тарту во Естонија и Бодо во Норвешка оваа година ја имаат титулата Европска престолнина на културата, иницијатива на Европската унија започната во 1985 година.