Помошникот на државниот секретар на САД допатува во Скопје

Шефот на Одделот за координација на санкциите при американскиот Стејт департментот и именуван помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, во неделата попладнето пристигна во Македонија поради учеството на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за западен Балкан што ќе се одржи во Скопје.

Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, добредојде на О`Брајан му посакалвицепремиерот Бојан Маричиќ и му се заблагодарил за поддршката што САД ѝ ја даваат наМакедонија.

Помошникот државниот секретар О`Брајан е дел од Делегацијата на стратешките партнери на државата кои ќе учествуваат на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан на Европската Комисија, чијшто домаќин е Владата на Македонија, вечерва и утре во Скопје.

„Поддршката на САД кон Северна Македонија доаѓа секогаш во вистинско време, за што сме исклучително благодарни“, изјавил вицепремиерот Маричиќ на скоспкиот аеродром

Во пресрет на лидерската средба посветена на Планот за раст на западен Балкан, Македониај ја има таа чест да ги поврзува сите учесници, делегациите на земјите од регионот и со тоа да ја покажеме нашата сериозна посветеност кон евроатлантската интеграција, развивање и просперитет на државата и на регионот, наведуваат од СЕП