
Гувернерот на американската сојузна дражава Флорида, 45-годишниот претседателски кандидат Рон ДеСантис, кој некогаш се сметаше за најдобра опција на дел од републиканците против Доналд Трамп, се откажа од претседателската трка во неделата, што покажува дека поранешниот претседател сè уште има огромно влијание врз партијата.
ДеСантис истовремено го поддржа Трамп во видео објавено на социјалната мрежа Х, како што тоа го стори пред извесно време 38-годишниот Вивек Рамасвами.
ДеСантис се сметаше за еден од водечките кандидати за републиканската номинација во 2024 година и природен наследник на Трамп поради неговиот борбен стил и длабоко конзервативни ставови. На почетокот од 2023 година тој водеше на Трамп во неколку анкети. Но, поддршката за гувернерот на Флорида е во опаѓање веќе неколку месеци, поради погрешните чекори во стратегијата на кампањата, неможноста да се поврзе со гласачите и, како што се покажува, влијанието и контролата на Трамп врз поголемиот дел од базата на партијата.
Крајот на кандидатурата на ДеСантис значи дека поранешната американска амбасадорка во Овединетите нации, Ники Хејли, сега е последниот републиканец во трката што ќе има шанса, иако мала, да ја освои номинацијата на партијата. Победникот на републиканските прелиминарни избори ќе се соочи со Џо Бајден, претпоставениот демократски кандидат, на општите избори во ноември.
Повеќе од 70 отсто од републиканците го претпочитаат Трамп, според повеќето анкети. Тоа го стави ДеСантис во позиција каде што мораше да им се допадне на гласачите кои му се восхитуваат на Трамп, како и на оние кои страсно го мразат. ДеСантис не успеа ниту во ниту една од тие нешта. Тој никогаш не ги импресионираше повеќето поддржувачи на Трамп, бидејќи поранешниот претседател е подобра опција, додека републиканците кои не сакаат да гласаат за поранешниот претседател ќе ги поделат своите гласови на неколку различни кандидати.
Како што борбата се консолидира, Хејли се појавува како фаворит меѓу ткн умерените републиканци. Секогаш кога ДеСантис изразуваше поинаков политички став од Трамп, речиси секогаш требаше да заземе поконзервативна позиција. Во април, тој потпиша забрана за абортус по шестата седмица од бременоса, што на крајот ја прифати во кампањата, и покрај одлуката што им пречи на некои донатори и умерените републиканци.