
Центарот за обука на Обединетите нации во кој се засолнуваат десетици илјади раселени лица беше погоден во средата, што доведе до „масовни жртви“ и пожари во зградите, изјави висок претставник на Обединетите нации, додека израелските сили напредуваа низ Кан Јунис, клучен град на југот на Појасот Газа.
Во нивниот напад врз Кан Јунис, израелските сили, исто така, го прекинаа пристапот до главните болници на југот на енклавата и ја затворија главната рута за евакуација за стотици илјади жители и луѓе кои побараа засолниште таму, изјавија палестинските власти.
Запрашана за пожарот во центарот управуван од UNRWA, главната организација на ОН во Газа, израелската војска одговори дека пошироката област таму е важна база за милитантите на Хамас.
„Разбивањето на воената рамка на Хамас во западниот (дел од) Кан Јунис е централната идеја зад операцијата“, појасниле од израелската војска за Reuters.
Неколку извори претходно изјавиле за Reuters дека Израел и владејачкиот Хамас во Газа постигнале мал напредок во нивните повеќенеделни разговори за 30-дневно примирје со кое израелските заложници и палестински затвореници ќе бидат ослободени и повеќе хуманитарна помош во енклавата. Но, изгледите за успех на преговорите изгледаа многу слаби во средата.
Како дел од најголемата операција за еден месец, израелските тенкови навлегоа во Кан Јунис, каде што стотици илјади раселени Палестинци се засолнија откако го напуштиле северниот дел на енклавата, главната сцена на конфликт на почетокот на војната. Главна цел на израелските сили се чини дека е областа околу бегалскиот камп во Кан Јунис, кој ги вклучува болниците „Насер“ и „Ал-Амал“ и центарот за обуки управуван од УUNRWA.
„Борбите ескалираа во Кан Јунис… Центарот за обука на UNRWA каде се засолнија 10.000 раселени луѓе штотуку е погоден, зградите горат, а жртвите се огромни, безбедниот пристап до центарот е блокиран веќе два дена, луѓето се заробени“, објави шефот на UNRWA во Газа, Томас Вајт на социјалната платформа Х.
Подоцна рече и дека девет Палестинци биле убиени, а 75 ранети во израелски напад врз центарот за обука и дека два тенковски проектила погодиле зграда означена како засолниште во која биле сместени околу 800 луѓе.
Локалните жители известија за жестоки борби западно од центарот на градот, каде што израелската армија соопшти дека убила „бројни единци на напаѓачите со снајперски, тенковски и воздушни оган“.
„Окупацијата ги изолира болниците во Кан Јунис и врши масакри во западната област на градот. Поради блокираниот пристап до Медицинскиот комплекс ‘Насер“, на стотици повреди, пациенти и породувања им се закануваат сериозни компликации“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф Ал-Кидра.
Палестинскиот Црвен крст, кој раководи со болницата „Ал-Амал“, соопшти дека израелските војницие го блокирале болничкиот персонал и вовеле полициски час во нејзина област, вклучувајќи го и седиштето на организацијата, каде што загинаа три раселени лица.
Израел тврди дека борците на Хамас оперираат од и околу болниците, што болничките работници и Хамас го негираат.
Во вторникот, израелската армија нареди евакуација на областа, во која според канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН живеат половина милион луѓе, од кои четири петтини се раселени поради борбите во други делови на крајбрежната енклава.
Меѓутоа, израелските тенкови, напредувајќи кон исток по патот Ал Бахар што води до болницата „Насер“, ја блокираа рутата за евакуација од градот, која води до патот на брегот на Средоземното Море. Патот води до јужниот град Рафах на границата со Египет, каде што веќе живее повеќе од половина од населението на енклавата од 2,4 милиони луѓе. Некои луѓе се обиделе да избегаат од Кан Јунис по неасфалтирани патишта, велат жителите и независните новинари.
Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 25.700 жители на Газа биле убиени во војната, од кои 210 во изминатите 24 часа и се верува дека илјадници други загинале под урнатините на уништените згради. Израел тврди дека убил околу 9.000 милитанти, бројка што Хамас ја отфрла како обид „да се претстави лажна победа“.