
Денеска во Собранието закажани се седници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е и Предлогот за избор на судија на Уставен суд. Согласно објавените информации на страницата на Собранието, за судија на Уставен суд е предложена Ана Павловска-Данева.
СДСМ го отпиша доскорешниот државен јавен обвинител Љубомор Јовевски, а на негово место предложена е поранешната потпретседателка на се уште владејачкиот СДСМ и поранешна пратеничка од оваа партија.