
Лидерот на ЗНАМ – за наша Македонија, Максим Димитриевски, вечерва во Кочани по повод формирање на општинската организација на партијата, изјави дека на претстојните избори ќе одат самостојно, а ќе понудат и свој претседателски кандидат.
Тој рече дека е време да се верува во реални работи – во нешта како што тој ги има направено во пракса, како градоначалник во Општина Куманово.
Изборот на пратеници и претседателски кандидат ќе се направат на Конвенција кон крајот на февруари или почетокот на март.
Истовремено, Николчо Гоцев беше избран за претседател на општинската организација на ЗНАМ во Кочани