
На 9-ти мај, тоа е Денот на Европа, ќе прогласиме победа на европската коалиција којашто повторно ќе ја формира европската Влада со којашто Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во денешното интервју за Канал 5 Телевизија.
Апсолутно останувам на ставот што на првото интервју во јануари пред 2 години кажав дека ќе бидам премиер 12 години, значи оснуваат уште 10 години, додаде Ковачевски.
„Се сеќавате дека опозицијата но и голем број аналитичари велеа дека се работи за човек којшто е неискусен, оваа влада нема да трае повеќе од 3 месеци. Опозицијата рецитираше секој март, септември и декември дека ќе има предвремени избори. Јас и тогаш кажав дека оваа влада ќе го заврши мандатот во целост и дека ќе одиме на редовни избори. Тоа и се случи и еве го остваривме нашиот мандат така како што е предвидено со закон и после 2006 година прв пат имаме редовни избори. Така да после 9-ти мај тоа е денот на Европа, на истиот ден ќе прогласиме победа на европската коалиција и повторно ќе се формира европска влада со која што Северна Македонија ќе стане земја членка ЕУ“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски за Канал 5 Телевизија.