
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово напиша на фејсбук дека му се родил син.Ова е трето дете на Османи по ќерката Елиза и синот Мали.
-Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас сме среќни да го објавиме доаѓањето на нашето трето дете Лион. Неговото име симболизира сила и храброст,се надеваме дека ќе го инспирираме, бидејќи им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство.
Раѓањето на Лион ја зајакнува мојата посветеност не само на моето семејство, туку и на семејствата на кои им служам“, кој до вчера престојуваше службено во Брисел.