Дневен хороскоп за недела, 28-ми јануари 2024-та

ОВЕН
Опседнати сте со остварување на вашите цели. Тоа ќе ве доведе до противречност со вашиот внатрешен свет, кој не дозволува избрзани одлуки, но компромисот ќе го најдете попладне и ќе се успокоите. Денот е погоден за договарање деловни состаноци и разговори, кои ќе бидат успешни доколку ги одржите во присуство на колегите.

БИК
Избегнувајте да влезете во неволја поради неточни информации. Невидливите пречки ќе ви го комплицираат животот. Чувајте ја вашата документација во совршен ред. Не препуштајте се на илузии и внимавајте на патиштата доколку сте зад воланот. Контролирајте ја емоцијата која најмногу ве попречува во разговорите на работното место и со деловните партнери, доколку треба да ги имате денеска.

БЛИЗНАЦИ
Новиот почеток е поврзан со промена на вашиот животен стил. Ќе го поддржите вашиот емотивно нестабилен пријател. Променете ја средината во која работите и организирајте ја вашата канцеларија на нов начин. Размислете да разговарате со вашите стргои менаџери за деловните промени на работното место кои ви користат.

РАК
Водете важни деловни разговори и создадете релаксирана работна средина. Потребна ви е тишина. Сè што започнавте е успешно. Не разговарајте за договори кои вклучуваат пари, особено доколку се однесуваат на големи суми. Денот ви е успешен, но сѐ мора да постигнете самите, не пропуштајќи го фактот дека предвидливоста е задолжителна.

ЛАВ
Доброто расположение ќе ви помогне да се справите со вашите обврски. Ќе ви биде тешко да изберете една од многуте покани за вечерта што ги добивате денеска. Напорите ќе ви донесат успех. Не се обврзувајте со ветувања за комерцијална активност. Деловните понуди можат да ви донесат загуби доколку сте лековерни и наивни.

ДЕВИЦА
Тешкотиите нема да ве спречат да се истакнете. Биди оптимист. Состаноците и разговорите се успешни. Единственото предупредување е да не влегувате во расправија што е на ваша штета. Не барајте начин да ги обвинувате колегите, доколку самите сте ги предизвикале непријатностите, и за нив и за себеси.

ВАГА
Бидете смирени и обидете се да го промените ставот на раководството во ваша полза и докажете дека сте подготвени да ги прифатите новите предлози, доколку е потебно да водите разговарии со нив. Не се расправајте и не критикувајте ги предлозите на вашите колеги. Придобивката ќе биде и за вас. Одложете ги деловните состаноци за да избегнете недоразбирања.

ШКОРПИЈА
Со неверојатна леснотија ќе го добиете она што мислевте дека е невозможно. Имате финансиска поддршка од вашите најблиски да го завршите она што сте го започнале. Ако сте зад воланот, бидете внимателни бидејќи сте расеани и можни се сообраќајни инциденти по ваша вина. Не ве советуваме да се расправате со колегите поради неможноста да го наметнете вашето мислење.

СТРЕЛЕЦ
Работете заедно со вашите колеги. Наскоро ќе ви се врати стореното добро дело. Тешкотиите се вообичаени, па со меѓусебна поддршка брилијантно ќе се снајдете. Судбината ве заштитува. Имате одлична можност одлично да се носите со сите ваши должности кои сте ги планирале за денеска, но го цените и знаењето на другите.

ЈАРЕЦ
Ќе мора да разговарате со вашите најблиски за нивните проблеми. Вашата помош е императив и не треба да ја одбивате. Ќе ви треба многу време, но ќе ја заслужите нивната почит и љубов. На работа, не ставајте ги вашите задачи во втор план. Среќата може да ви пропадне ако одлучите да ветите финансирање нов проект.

ВОДОЛИЈА
Конечно, ќе ги добиете назад парите што сте им ги позајмиле на колегите. Потоа подгответе се за интересен и плоден деловен состанок. Чувствувате дека е време да го пронајдете патот назад кон себеси. Вратете ја рамнотежата и стабилноста на работното место и не дозволувајте некој да ве лиши од нив, за да можете да живеете во целосна хармонија со себеси.

РИБИ
Денеска сте потиштени и нерасположени. Одложете ги деловните состаноци и разговори. Не се потпирајте на вашата среќа. Не брзајте да постигнете нереални цели. Обидете се да не одите во крајности во однесувањето кон колегите, до претерано драматизирање и агресивни реакции. Дејствувајте директно, искажувајќи го сопственото мислење искрено, но и деликатно.