
На 8-ми мај ќе нема кој да го изгаси светлото во СДС, со Ковачевски Македонија тоне, немаме повеќе држава. Слаби се собирите на СДС и Ковачевски кој вечерва во предвреме почната компања глумеше триумфализам, иако во себе знае дека губи 2:1. Што се однесува на ЕУ, Македонија не се помрдна ниту милиметар кон Унијата додека се СДС и ДУИ во влада, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-Изминативе 7 години имавме само криминал, корупција и мафијашки престрелки како држава. До толку е неспособна власта што издавање на патни исправи не можеше да организира, и дозволи да се направи хаос.
Со СДС Македонија оди само назад.
Додека земјите од регионот од 2017 до 2023 година имаа раст на БДП над 50%, Македонија имаше раст од само 20%. Што повеќе е потребни за да се види колку е очајна состојбата во државата со Ковачевски?
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, велат од партијата.