СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ, а како ученичиња го гласаа Талат

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Потоа Ковачевски велеше дека ќе има техничка влада без министри од ВМРО-ДПМНЕ, а вчера кога требаше да се гласа владата со премиер Талат Џафери како ученичиња се нацртаа да го изгласаат.

Евидентно е дека СДС на поклон ја дава државата на ДУИ, а за возврат така ги купува своите фотелји и владеење.

Евидентно е и дека ДУИ владее со СДС, а Ковачевски го моли ДУИ да го поддржат на наредните избори нивниот претседателски кандидат и да имаат заеднички листи на параламентарните избори.

Токму поради таквата пресметливост народот смета дека повеќе не постои држава, ниту систем.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!