Лазаров може да биде задоволен: Алкалоид до половичен успех во двомечот со Нексе!

Ракометарите на Алкалоид со победа и пораз во пријателските пресметки со хрватскиот тим Нексе се враќаат од мини-подготовките во Стара Пазова (Србија), каде што работеа изминатиов период во пресрет на вториот дел од сезоната во домашното првенство.

„Фармацевтите“ вчера славеше со 29-27, додека денеска минимално загубија со 29-30. Четата предводена од тренерот Кирил Лазаров одигра повеќе од солидно во двата натпревари, поради што нашата легенда има повеќе причини да биде задоволен.

Репрезентативецот Марко Митев беше најконстантен во двата меча, откако синоќа постигна пет гола, а денеска седум пати ја смести топката во мрежата на Нексе.