
Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала околу 3 часот го погоди источниот дел на Австрија. Епицентарот на земјотресот бил меѓу Виена и Грац, на длабочина од околу 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Не е предизвикана материјална штета.
Жителите на Австрија на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар наведуваат дека земјотресот ги разбудил, а жителите од делови на Чешка, Словенија, од загорското и загрепското подрачје пријавиле дека го почувствувале земјотресот.