
Тој веќе се договорил со „кралскиот клуб“, а ПСЖ ќе ја има улогата на најголем „лузер“ бидјеќи нема да добие ниту евро од овој трансфер, а за него плати дури 180 милиони евра кога францускиот репрезентативец во 2018 година пристигна од Монако во Париз. Според истиот извор, напаѓачот договорил годишна плата од 50 милиони евра, секако со разни дополнителни бонуси од учинокот, но и огромен процент од заработката од рекламите поврзани со неговото име.
Мбапе во дресот на „светците“ одигра 288 натпревари, а постигна 241 погодок и забележа 105 асистенции. Шест пати беше шампион на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите, што е главна причина за неговата преселба во Мадрид.