
Најмалку 27.365 Палестинци се убиени, а 66.630 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа.
Во соопштението се наведува дека во изминатите 24 часа во Газа загинале околу 127 Палестинци, а 178 се повредени.
Израел започна со операции во Појасот Газа откако палестинската милитантна група Хамас изврши ракетен напад на 7 октомври минатата година, а потоа го нападна југот на Израел, кога околу 1.200 луѓе беа убиени, а повеќе од 250 беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.