
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).
Новата малопродажна цена на „еуросупер- 95“ ќе изнесува 80,5 денари за литар, „еуросупер- 98“ ќе се продава за 82,5, додека дизелот ќе има цена од 78 денари, а масло за домаќинство 77 денари за литар.
РКЕ ја намали цената на мазутот за 0,087 денари, па неговата малопродажната цена ќе изнесува 41,352 денари.