
Во Македонија новата работна седмица ќе биде одблежена со раст на температурите. Во понеделник ќе се задржи стабилно, сончево и натпросечно топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринските температури се движат од минус 3 до 4, додека соодветено максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 12 и 20 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево и тивко, со температура до 15 степени.