Грузија ја обвинува Украина дека се обидува да ја прошири војната на нејзина територија

Грузискиот премиер во вторник ја обвини Украина дека се обидува да ја прошири војната во неговата земја, откако властите запленија камион полн со експлозив на пат кон Русија.

Во понеделникот грузиската служба за безбедност запленила илегална пратка со експлозив, која требало да се упати кон рускиот град Воронеж, скриена во батерии на автомобили. Товарот пристигнал по копнен пат од Украина преку Романија, Бугарија и Турција. Рутата е идентична со онаа на камионот со кој беше уфрлен експлозива за минатогодишната експлозија на ткн Кримскиот мост над Керченскиот проток кој го поврзува црноморскиот полуостров Крим директно со руското копно.

Инцидентот потсетува на експлозијата на мостот на Крим во октомври 2022 година, за која Москва го обвинува Киев. Камион испратен од Украина потоа експлодирал на мост откако стигнал до полуостровот преку долгата рута низ трети земји.

„Ова уште еднаш го потврдува она што, во принцип, високи функционери на украинската влада велат дека го сакале и веројатно сè уште го посакуваат: втор фронт во нашата земја“, рече вршителот на должноста премиер на Грузија, Иракли Кобахидзе

Тој беше назначен да го замени Иракли Гарибашвили, кој поднесе оставка минатата седмица за да може партијата Грузиски сон, која е на власт од 2013 година, да избере некој нов да ја води на годинешните избори.

Нејзин основач е Биџина Иванишвили, најбогатиот Грузиец кој своето богатство го стекна во трговијата со метал и банкарството со Русија во 1990-тите. Иако олигархот и поранешен премиер се повлече од политиката, аналитичарите сметаат дека тој, сепак, има големо влијание врз тамошниот политички живот. Партијата на западот ја сметаат за проруска во Грузија.

Украинската амбасада во земјата соопшти дека ќе ги испита наводите на грузиските безбедносни служби за „учество на украински граѓани во незаконски активности“ и го повика Тбилиси да не го политизира случајот, иако ова не е прва ваква реакција на грузиските власти.

Во март минатата 2023 година тогашниот грузискиот премиер Иракли Гарибашвили го обвини украинскиот претседател Володомир Зеленски дека ја подгрева тензичната политичка ситуација во Грузија, со коментарите за протестите одржавани во Тбилиси тој перииод, што предизвика остар одговор од Киев. Гарбивашвили тогаш предупреди на учеството на протестите во Тбилиси на десетици активисти од Украина чијашто цел според неговата влада е да ги радикализираат протестите и да предизвикаат преврат и порача дека неговата владејачка партија Грузиска сон нема да дозволи отворање „втор фронт“, алудирајќи на украинската војна против Русија.

Имено, во текот на протестите, Зеленски им се заблагодари на демонстрантите во Тбилиси кои ги истакнуваа украинските знамиња, велејќи дека на тој начин искажуваат почит кон неговата земја а на Грузијците им посака „демократски успех“ што во Тбилиси беше протолкувано како јасно поттикнување на преврат.

Киев, пак, го обвини Гарибашвили дека наводно „ја повторува руската пропаганда“ дека Киев сака да ја вовлече Грузија во судир со Русија.

На украинското боиште се борат најмалку неколку стотици грузиски војници кои стапиле на служба во украинските вооружени сили или се приклучиле на ткн „Странски легион“. Некои регионални политички коментатори стравуваат од намерите на Киев да предизвика преврат во Тбилиси и ескалација на грузиско-руските односи што, како што се надеваат, би придонело за попуштање на рускиот притисок на украинското боиште.

Тбилиси има непријатно скорешно минато, откако во 2008 година изведе операција за заземање на двата автономни региони Јужна Осетија и Абхазија на границата кон Русија се обиде воено да воспостави своја контрола, при што загинаа и неколку руски мировници од корпусот распореден во регионот по конфликтот во раните 1990-ти и распадот на тогашниот СССР. Во жестокиот одговор на Москва, во петдневната операција руските единици излегоа пред грузиската престолнина Тбилиси по што се повлекоа на териториите на стратешките кавкаски региони.