
На некои од сликите, глумецот е облечен како бездомник и стои до телефонска говорница. Папараците го забележале во лежерен стил на облекување „како се однесува параноично“. Имало и полициски автомобили на снимањето.
Неодамна се пишуваше дека тој потпишал за филмската адаптација на романот „Вајнленд“ на Томас Пинчон од 1990 година, но не е познато дали овој филм на Андерсон е за тоа.
Иако содржината засега се држи во тајна, според ИМДБ, во филмот глумат и Шон Пен и Реџина Хол. Буџетот наводно е сто милиони долари.