
Пожарот кај село Вешала во Општина Тетово се самоизгаснал во текот на ноќните часови, соопшти Центарот за управување со кризи.
Екипа од Национален парк „Шар Планина“ е на терен и врши обиколка на опожарената површина и контрола за да спречи евентуално повторно самозапалување на огнот.
Зафатена била поголема површина обрасната со сува трева, папрат, смрека и ситни грмушки.