
Утрово беше реализиран првиот меѓународен во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицински цели беше транспортирано лице – пациент од Скопје до Виена, Австрија.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев појасни дека употребата на Медикоптерот претставува значаен напредок во националната способност да се пружи итна медицинска помош на тешко достапни места, но и на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи.
Од страна на директорот на ГОБ „8ми Септември”, д-р Христијан Костов беше истакнато дека во најкраток временски период се докажа подготвеноста и кооперативноста на МВР и МЗ, со цел подобрување на услугите за граѓаните преку обезбедување на медицинска помош на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи.