Такер Карлсон вели дека ќе го интервјуира Путин

Влијателниот поранешен политики коментатор на американската телевизиска мрежа Fox News чии ставови се блиски до републиканските конзервативци Такер Карлсон во вторникот објави дека добил ретка можност да направи интервју со рускиот претседател Владимир Путин.

„Вечерва сме во Москва. Тука сме да го интервјуираме претседателот на Русија, Владимир Путин“, вели Карлсон во видеото објавено на социјалните мрежи. „Очигледно има ризици поврзани со спроведување на вакво интервју. Затоа внимателно размислувавме за тоа во текот на многу месеци“, додава новинарот.

Според новинарот, тој се решил на таков чекор бидејќи Американците „апсолутно не се свесни за тоа што се случува во Русија и Украина“. Тој додаде дека населението на САД има целосно право да знае „сè што е можно“ за конфликтот „во кој се вклучени и самите тие“.

Карлсон, кој американските демократи и неолибертаријаските мејнстрим медиуми го обвинуваат за наводно запалива реторика и ширење теории на заговор, додава дека дел од неговата должност како новинар е „да ги информира луѓето“.

„Две години по почетокот на војната што го преобликува целиот свет, повеќето Американци не се информирани“, рече Карлсон обвинувајќи ги за тоа „корумпираните“ медиуми.

Карлсон, исто така, рече дека Белата куќа двапати се обидела да го саботира неговото интервју со Путин. Според него, првпат тоа се случило пред три години, вториот пат неодамна.

„Пред речиси три години, администрацијата на Бајден незаконски ги шпионираше нашите СМС пораки, а потоа ја обелоденуваше нивната содржина на нивните новинари. Тие го направија ова за да го спречат интервјуто со Путин што го планиравме. Минатиот месец – и ние сме сосема сигурни во ова – тие повторно го направија истото, но овојпат сепак дојдовме во Москва“, додаде Калрсон.

Притоа тој истакна дека неговиот тим не земал пари за патувањето во Москва од ниту една групација или влада, туку самиот платил за сè.

Според Карлсон, американскиот претприемач Илон Маск ветил дека нема да го блокира интервјуто по објавувањето на социјалната мрежа X. Покрај тоа, видеото ќе се појави на веб-страницата на новинарот и ќе може бесплатно да се гледа. Карлсон вети дека ќе го објави снимениот материјал без монтажа.

Новинарот рече и дека сака да го интервјуира Володомир Зеленски. Тој изрази надеж дека украинскиот претседател ќе се согласи. Истовремено, Карлсон истакна дека американските медиуми, кога прават бројни интервјуа со Зеленски, „не се занимаваат со новинарство, туку со државна пропаганда во нејзиниот најодвратен облик, а тоа доведува до гинење на луѓе“.

Можноста за разговор меѓу Карлсон и Владимир Путин беше објавена уште во септември минатата година. Тогаш новинарот во разговор за швајцарскиот магазин Die Weltwoche рече дека се обидел да го интервјуира рускиот претседател, но добил забрана од американските власти. Сепак, тој не ги прецизираше околностите на тој инцидентот.

Како што рече американската конгресменка Марџори Тејлор Грин во неделата, американските демократи и нивните „медиумски пропагандисти се тресат“ од можноста Карлсон да го интервјуира Путин.

Карлсон беше отпуштен од неговата моќна позиција во Fox News минатата година поради скандали и тужби со кои се соочува телевизијата поради неговите докажувања и тврдења дека американските претседателски избори во 2020 година биле нечесни и украдени како што тврди тогаш поразениот републикански претседател Доналд Трамп сега најверојатен ривал на актуелниот демократски претседател Џо Бајден.

Набргу потоа, тој започна свое шоу на социјалната платформа Х и потакст на YouTube кој е супсендиран.