Сончево, температурите и натаму над просекот

По утрото со услови за појава на магла по котлините, во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температурите и натаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринските температури се движат меѓу минус 2 и 4, додека соодветно во текот на денот ќе се искачат во интервалот од 12 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температурата ќе достигне до 16-от степен