Утрово најстудено во Берово со минус 4 степени

Во Берово утрово беше најстудено, со минус 4 степени, а најтопло во Виница, 4 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутрина во 7:30 часот се измерени -3 степени во Скопје-Петровец и Струмица, -2 во Демир Капија, -1 во Велес и Гевгелија, нула степени во Битола, Тетово, Крива Паланка и Штип, еден степен во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Претор, Попова Шапка, Лазарополе, два во Дебар, Маврови Анови и Крушево и три степени во Дојран.

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала локална облачност, наместа дуваше слаб ветер претежно од западен правец. Изутринава е сончево со мала локална облачност. Дува слаб ветер од променлив правец.