Пендаровски го потпиша указот за законските измени со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име до 31 декември 2024

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а крајниот рок за нивна замена ќе биде 31 декември 2024.

Како што соопштија од неговиот Кабинет, Пендаровски ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.

Собранието попладнево, со 90 гласа „за“ ги донесе законските измени согласно кои рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.