
Во драматична операција, израелските сили во текот на ноќта спасија двајца заложници: Фернандо Мерман (60) и Луис Хар (70).
Двајцата, кои се дел од едно семејство, беа пронајдени и спасени за време на сложената заедничка операција во Рафа, во јужниот дел на Газа. Тие беа вратени во Израел во текот на ноќта и однесени во Медицинскиот центар Шеба каде што лекарите констатираа дека се во „добра“ состојба по првичната евалуација.
⭕️WATCH: The emotional reunion between Fernando and Luis, the hostages who were rescued in a heroic operation in Rafah overnight, and their family members
📹IDF Spokesperson pic.twitter.com/d555YT1fil
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) February 12, 2024
Фернандо и Луис беа киднапирани од терористите на 7 октомври од Кибуц Нир Иџак, на границата со Газа, заедно со партнерката на Луис која е сестра на Фернандо, Клара Мерман (62), нивната друга сестра Габриела Лајмберг (59) и ќерката на Габриела, Миа (17).
Како што заврши драматичната операција, наречена „Златна рака“, семејствата на заложниците беа информирани за нивното спасување. Зетот на Луис, Ајдан, за израелските медиуми зборувал за телефонскиот повик што го добиле среде ноќ. Тој вели дека им било кажано: „Тие се во наши раце, дојдете во Тел ХаШомер [Медицинскиот центар Шеба]“. Ајдан рече дека скокнале од радост, и веднаш заминале. Ајдан објаснил дека четирите деца на Луис добиле ист телефонски повик, како и членовите на семејството на Фернандо.
Членовите на семејството открија дека Фернандо и Луис им кажале дека биле држени во семејна куќа во градот Рафа, јужна Газа.
Иако биле под вооружена стража, мажите рекле дека кога ги прашале дали се Евреи, тие одговориле: „Аргентинци“, што предизвикало разговор за фудбалот. Според нивните блиски, двајцата готвеле дури и храна за семејството кое било со нив во Газа.
„Изгледаат бледи“, посочил Ајдан. „Многу, многу уморни и навистина се чини дека се ментално исцедени. Дефинитивно изгубија тежина.
Ајдан откри дека двајцата мажи немале пристап до вестите, особено затоа што Габриела, Миа и Клара биле ослободени на педесет и третиот ден од војната. Тој рече дека биле шокирани кога дознале што се случило и дека не знаеле многу за тоа што се случило на 7 октомври, освен што уловиле од емитувањата на Ал Џезира на почетокот на војната.
Лајмберг и Клара Мерман беа ослободени на 28 ноември за време на привременото примирје меѓу Израел и Хамас. Светот ја памети Миа како девојчето ослободено од заробеништво носејќи го своето милениче куче.
Ајдан ја нарече успешната операција на ИДФ „суштината на државата Израел“, но вели дека мисли дека Израел треба да бара ослободување на заробениците и на други начини.
„Од минатото искуство знаеме дека заробениците знаат дека ИДФ на крајот ќе дојде до нив, ние сме многу, многу среќни денес и возбудени што сме на оваа страна. Но, мораме да запомниме дека има уште 134 киднапирани во Газа, ние не знаеме каква е нивната ситуација и мораме да постигнеме договор и да го спроведеме што е можно поскоро“.
Израелскиот претседател Исак Херцог ги поздрави безбедносните сили за „храбрата спасувачка операција“, велејќи дека нема поголема мицва [во јудаизмот, добро дело] од нивната слобода. Тој вети дека „ќе продолжи да дејствува на секој начин за да ги врати сите заложници дома“.
Претседателот на израелскиот парламент [Кнесет] Амир Охана, исто така, ја пофали „импресивната, херојска и сложена спасувачка операција“ која „нуди надеж на цела нација“.
„Конечно добри вести“, рече тој, додавајќи дека властите нема да мируваат додека сите заложници не се вратат дома. Охана беше во дипломатска мисија во САД со уште неколку семејства заложници и ја сподели веста со нив на летот на Ел Ал додека тие биле на пат назад кон Израел.