
Џиџи Буфон (46) е еден од најголемите голмани во историјата на фудбалот, тој е икона на италијанскиот фудбал. Беше голман во Парма, Јуве и ПСЖ, а за селекцијата на Италија одигра неверојатни 176 натпревари.
И кога ќе се посветиш на фудбалот до таа мера, секако проблем ќе си направиш во школувањето.
Дека реално Буфон нема завршено ни средно, тој самиот го признава:
“Направив многу грешки кога бев млад, но најголема, поточно мојот најголем срам е што ја купив дипломата за средно. Сега тоа не би го направил, знам дека е лошо и не е чесно, но ете минатото не можам да го вратам“ истакнува сегашниот директор на репрезентацијата на Италија.