Трибина на Здружението Наши: Децата да не бидат жртви по разводот, треба да имаат двајца родители

По разводот, родителите заеднички да се грижат за децата, и кој е тој закон со кој е тој закон што му забранува на родителот непречено да си го гледа чедото, беше централната тема на дебата за предложените Законски измени за воведување заедничко родителство..

Во сегашната ситуација, детето вообичаено се доделува на едниот родител, а другиот добива ограничени права на средби. Меѓутоа, проблеми има и во стручните служби и во судовите, беше констатирано од експертите и членовите на „Здружението Наши“ на посететната трибина во центарот „Јавна соба“.

Учесниците во дебатата беа согласни дека децата се жртви по разводот на бракот на родителите и ја губат можност да растат со компромисно решение за своите проблеми и предизвици во животот. Старателството се доделува на едниот, најчесто на мајката, другиот има ограничени средби и можности да влијае во градење на неговата личност. Вака се кршат родителските права, се дискриминираат и децата, велат од здружението на родители кои поднеле иницијатива за заедничка родителска грижа по разводот.

Здружението „Наши” ја организираше јавната трибина за потребата од носење нов закон за „одговорно родителство со кое децата и по разводот ќе имаат подеднаков пристап до двајцата родители, заради неопходната потреба за двете родителски фигури во животот на детето“.

„Ние сме тука затоа што не можеме да се договориме со поранешните партнери околу заедничкото старателство врз децата, да можевме, немаше да дојдеме до ова дереџе“, согласни се родителите кои присуствуваа на јавната трибина за потребата од носење нов закон за „заедничко и одговорно родителство со кое децата и по разводот ќе имаат подеднаков пристап до двајцата родители.

Адвокатот Јанаки Митровски, професорот по семејно право Дејан Мицковиќ, психологот Данче Пауновска, како и долгогодишниот борец за каузата на граѓанското здружение за заедничко родителство после развод и иницијатор на предлог-измените на законот за семејство, господин Наум Рибароски беа дел од јавната трибина која се  во организација на здружението „Наши“ и нејзиниот претседател Сашо Панговски, кои се нафатија да ја продолжат борбата на иницијативата која трае барем една деценија.

Во дискусијата учествуваа и родителите кои се засегнати од неправедниот и дискриминаторски систем на доделување на старателство врз децата по развод на едниот родител, кој потоа се однесува како прав газда кој одлучува кога, како и дали тие ќе се видат со другиот родител.

Според адвокатот Јанаки Митровски најлошото, и тоа многу често е што  родителот-старател а тоа е најчесто мајката, строго се придржува до терминот за гледање на детето со другиот родител, а многу често и го злоупотребува, кој најчесто се плаши дека ако задоцни, веднаш ќе биде пријавен во полиција и ќе му биде ускратено и тоа малку време што му го доделиле за да си го види детето. Притоа Митровски наброја и неколку случаи од својата пракса кои одат во прилог на неговото тврдење дека татковците се системски дискриминирани, особено во скопските центри за социјални работи.

Рибароски појасни дека дел измените кои тие ги предлагаат во својот предлог за измени на законот, а во кој мислеле буквално на сѐ, па потенцираше дека и тоа 50:50 не треба да се зема буквално, во смисла дека детето ќе треба постојано да менува училишта, домови, пријатели и средината, туку дека тоа се зема само како основа за подеднаква стартна позиција на обајцата родители во која ниту еден од родителите нема да ја има „тапијата“ врз детето која ќе му дава за право да тргува со времето и со емоциите на другиот родител и на заедничкото дете.

Според Дејан Мицковиќ, професор по семејно и наследно право од  Правниот факултет во Скопје, македонскиот закон за семејство е донесен во 1992 година и до денеска нема претрпено никакви измени во однос на вршењето на родителското право, иако во другите држави во изминатите децении се направени не една, туку две значајни реформи. Смета дека во прв ред терминот „родителско право“ треба да се смени со терминот „родителска одговорност“, а концептот за заедничко родителство го смета само како еден од можните концепти. Според него, сепак, од клучно значење не е само да се донесе идеален закон, туку истиот да може и да се спроведе, па затоа не се доволни законските реформи, туку се потребни и институционални