
На синоќешниот дуел против Торонто, на кој Сан Антонио славеше со 122-99, францускиот центар направи нешто што не е видено 28 години. Тој оствари трипл-дабл, но неконвенционален, не со поени, скокови и асистенции, туку со поени, скокови и блокади.
Вембанјама беше најефикасен играч со 27 поени, додаде 14 скока и дури 10 блокади, а оствари и пет асистенции. Такво нешто последен пат му успеа на Хаким Олајџувон кој во 1996 година оствари трипл-дабл со поени, скокови и блокади, плус пет аасистенции. Последниот трипл-дабл со поени, скокови и блокади во НБА е виден во јануари 2021 година.