
Руската амбасада во Босна и Херцеговина, денеска, објавила „црна листа“ на Руската федерција, на која се наоѓаат имиња на 18 државни функционери и академски граѓани на Велика Британија.
На Црната листа на министерството за надворешни работи на Руската федерација се ставени британски воено-политички функционери, и претставници на академската заедница.
„Како одговор на конфронтацискиот курс на официјален Лондон, кој продолжува и во чија рамка се вложуваат напори за демонизирање на нашата земја, но и активно се измислуваат антируски наративи за да би се намалило влијанието на Москва на меѓународната сцена, додека истовремено неонацистичкиот режим во Киев дополнително се пумпа со вооружување, донесена е одлука на руската „стоп листа“ да се вклучат дузина „дејци“ на воено-политичкиот естаблишмент, како и лица од научната и академска заедница на Велика Британија“, наведено е во соопштението.
Црната листа на Русија може да се види ТУКА