Шефовите на израелското и американско разузнавање во Каиро на преговорите за Газа

Највисоките дипломатски претставници на Египет, Соединетите држави, Израел и Катар се собраа во египетската престолнина Каиро продолжувајќи го напорите да постигнат прекин на огнот и размена на заложниците во израелската војна во палестинската енклава Појасот Газа, а истовремено растат тензии во врска со најавената израелска копнена офанзива во пограничниот пластински град Рафах.

Во Рафах, јужниот град во непосредна близина на границата со Египет кој пред војната имаше 300.000 жители, се засолнети повеќе од половината 2.4-милионското население на Појасот Газа, кои ги напуштија своите домови со северниот и централниот дел на енклавата повторно се под континуирано бомбардирање и гранатирање од израелската армија и со голем недостиг од храна, вода за пиење и лекови.

Израел има намера да ги „евакуира“ палестинските бегалци зад границата најавувајќи ја својата офанзива во Рафах, но Египет го отфрла предлогот, со што се зголемува ризикот од ширење на конфликтот во земјите во регионот.

А паралелно со дипломатските напор, во Каиро во вторникот допатувал шефот на израелската тајна служна Mossad, Давид Барнеа, според сознанијата на германската новинска агенција DPA која се повикува на извори од аеродромот во египетската престолнина. Со него допативал и Ронен Бар, шефот на изралеската внатрешна разузнавачката служба Shin Bet, и други припадници на агенциите.

Извори од израелската влада во вторникот потврдиле за DPA дека делегацијата е присутна во Каиро поради новите преговори за уште еден договор за заложниците кои ги држи палестинското исламистичко движење Хамас, чиј напад без преседан од 7-ми октомври беше директен повод за најновата израелско-палестинска војна.

Во главнот град на Египет, исто така, пристигнале и доректорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA). Вилијам Барнс и катарскиот премиер и воедно министр за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, се дознава од разузнавачки избори.

Египет, Катар и САД се обидуваат да постигнат подолг прекин на огнот во Појасот Газа. Како дел од потенцијалниот договор, заложниците коишто сѐ уште ги држат Хамас и сродните милитантни групации, би требало во неколку фази да бидат разменето за лицата, главно малолетници и жени, коишто се држат во затворите во Израел. Преговорите во оваа насока досега бавно напредуваа.

Во текот на прекинот на огнот во ноември, кој го издејствува посредувањето на Египет, Каиро и САД, 105 задолжници беа ослободени во замена за 204 лица од израелските затвореници.

Хамас моментално држи уште 134 заложици, а според процените на Израел најмалку 30 од нив повеќе не се живи. А медиумите известуваат дека би бројот на загинатите заложници би можел да изнесува и 50 луѓе, имајќи ги предвид и соопштенијата на Хамас дека некои од нив загинале во израелските напади. Во операцијата ноќта кон понеделникот, изралеската војска извлече два заложници во Рафах.