
Арбен Таравари од партиски собир во Тетово, истакна надеж дека Алијанса за Албанците го направила вистинскиот избор, и дека на 8-ми мај ќе се случи промена кај албанскиот политички блок.
„Еве тука сме на собир во Тетово каде добивме поддршка која е неочкувана од наша страна. Никогаш како Алијанса за Албанците не сме имале ваков собир. Јас се надевам дека го направивме вистинското решение и дека на 8-ми мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок“, рече Таравари кој истакна дека над 60% од делегатите се на нивна страна.
„Делегати имаме над 75-76-77, не знам ни јас точно, но околу 60%“, изјави Таравари.