
За Денот на вљубените, хрватската пејачка Северина (51) доби посебен подарок од својот син, а со тоа се пофали на социјалните мрежи.
Имено, таа од Александар доби букет црвени рози. Пејачката специјално му се заблагодари преку фотографијата објавена на инстаграм-профилот.
„Ти благодарам синe“, кратко напиша Северина.
Инаку, во вторникот на концертот во Самобор, Северина за време на емотивната изведба на песната „Родено мое“ на сцената излезе и нејзиниот син.