
Триесет ишестодишна жена, родена само со една срцева комора, родила близнаци во римската Универзитетска болница Гемели, што е прв таков случај во Италија, објави италијанската новинска агенција Ansa во средата.
Нејзиниот случај е прв во Италија и само еден од четирите во светот.
Пораѓањето било можно поради решителноста на жената и напорите на специјалистите од римската педијатриска болница кои се грижат за неа уште од детството со вродени срцеви заболувања и персоналот на болницата Гемели каде се породила со царски рез.
Мајката и близнаците, момченце и девојченце, се добро.
„Знаев дека ризикувам многу со моето полусрце, но сакав да станам мајка. Раѓањето близнаци е чувство кое не може да се опише со зборови“, изјавила жената.