
Откако лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари, официјално потврди дека ќе се кандидира за претседател на државата, во трката влегува и лидерот на ДУИ, објави А1он.
Со ова нема да има место за консензуален кандидат уште во првиот круг.
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во изјава за косовскиот портал Индексонлајн не ја отфрли можноста да се кандидира за претседател на Македонија.