
Претседателот на Летонија, Едгарс Ринкевичс денеска на мрежата Х напиша дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил „брутално убиен од Кремљ“.
„Што и да мислите за Алексеј Навални како политичар, тој беше брутално убиен од Кремљ. Ова е факт и е нешто што треба да се знае за природата на сегашниот режим во Русија. Моето сочувство до неговото семејство и пријателите“, додаде Ринкевичс.