
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска беше во посета на управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонската телевизија од каде и објави видео на својот Фејсбук профил.
Видеото немаше да биде на мета на критика во јавноста доколку не се злоупотребеа личните податоци на македонските граѓани за политички цели.
Имено, во видеото, прикажани се и два пасоши на кои, при што со „принтскрин“ и зумирање, можат лесно да се прочитаат личните податоци на лицата кои ги поседуваат тие документи.
Видеото погледнете го ТУКА.