
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 15 степени.
Како што соопштија од УХМР, во првите денови од следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд.