Сончево со умерена облачност

Во неделата во северните и источните делови на Македониај ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 8 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, со температура до 16 степени.