
Во регионот Синџијанг на крајниот запад на Кина е забележана температура од минус 52,3 степени Целзиусови, со што е соборен рекордот од пред 64 години, објавија кинески медиуми.
Рекордот беше соборен во неделата, во градот Туерхонг, а претходно најниската температура во Синџијанг од минус 51,5 степени беше измерена на 21 јануари 1960 година.
Поради снежната бура и замрзнатиот дожд што го зафати тој дел од Кина, дојде до застој во патниот и железничкиот сообраќај, јавуваат тамошните медиуми.
Метеоролозите предупредија на замрзнати патишта, а до четврток се очекуваат врнежи ширум Кина. Најмногу врнежи се очекуваат во Монголија, североисточна Кина, централната провинција Хубеи и провинцијата Хунан на југ, пренесува „Ројтерс“.