Шефовите на дипломатиите во Г-20 согласни дека решението со две држави е услов за запирање на израелско-палестинскиот судир

Министрите за надворешни работи на земјите од групата Г20 кои се собраа на дводневниот состаник во бразилската метропола Рио де Жанеиро имаат идентично мислење дека е потребно решение со две држави како единствен начин за постигнување мир во деценискио израелско-палестинскиот конфликт, изјави во четвртокот високиот претствник на Европската унија за заедничка надвоешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

„Секој овде, секој. Не слушнав дека некој е против тоа. Постои силно барање за решение со две држави… Тоа е консензус меѓу нас“, им изјави Борел на новинарите.

Другите делегати се согласија со ставот на Борел и рекоа дека секој говорник кој зборувал за војната во Појасот Газа повикува на решение со две држави.

„Постои заеднички именител: нема да има мир, нема да има одржлива безбедност за Израел сѐ додека Палестинците не добијат јасна политичка перспектива да изградат сопствена држава“, појасни Борел.

Рече дека кризата во Појасот Газа се прелева во другата палестинска енклава Западниот брег, кој „апсолутно врие“ од „нападите на израелските доселеници врз палестинските цивили“.

Борел рече и дека побарал од земјата домаќин Бразил „да му стави јасно до знаење на светот дека сите што присуствуваат на состанокот на Г20 се за ова решение“.

„Мораме да го мобилизираме нашиот политички капацитет да се заложиме за спроведување на ова решение. Во спротивно, тоа е само желба за размислување“, рече шефот на дипломатијата на ЕУ.

Борел додаде дека очекува арапските нации да предложат мировно решение за Газа во наредните денови.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата десничарска коалициска влада во голема мера го отфрлаат формирањето на палестинска држава, и покрај тоа што главниот сојузник на Израел – САД, тврдат дека решението со две држави е единствениот остварлив начин да се донесе долгорочен мир во регионот.