
Во петокот во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време, со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат меѓу 0 и 6, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 10 до 18 Целзиусови степени.
Во Скјопје и околината, исто така, денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Темепратурата ќе достигне до 17 степени.