
Напуштена куќа во Маџир маало е опожарена утринава.
Командантот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски вели дека се работи за постар напуштен објект во кој имало отпад.
-Се интервенира на терен со две противпожарни возила и шест пожарникари. Нема опасност по другите објекти, истакнува Томевски.
Според информациите од Центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие регистрирани во земјава се 9 пожари на отворено.