
Без вода утре од 9:00 часот ќе биде комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Гоце Делчев“ 9 во близина на Правниот факултет на УКИМ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.