
Руските функционери и политичари во средата го предупредија францускиот претседател Емануел Макрон дека војниците што тој ги испраќа во Украина ќе се соочат со истата судбина како и војската на Наполеон Бонапарта, чија инвазија на Русија заврши со пораз и голем број мртви и руско влегување во Париз.
Во понеделникот Макрон рече дека иако засега нема консензус, европските земји размислуваат да испратат војници во Украина.
Москва инаку повеќепати ги обвини западните земји дека на боиштето во Украина се присутни уште по превратот во Киев во 2014 година, како со високи офицери кои учествуваат во планирањето и изведувањето на борбените операции на украинската војска, така и со војници кои даваат наводни откази во армиите на земјите членки на НАТО и во Украина војуваат како доброволци или платеници.
Коментарите на францускиот претседател поттикнаа голем број други западни земји, вклучително и САД и Велика Британија, да кажат дека не планираат да го сторат тоа, а Кремљ предупреди дека директниот конфликт меѓу Русија и НАТО алијансата предводена од САД ќе биде неизбежен доколку европските членки на НАТО испрати војници да се борат во Украина.
Вјачеслав Володин, претседателот на Думата, долниот дом на рускиот парламент, коментираше дека Макрон веројатно се гледа себеси како Наполеон и го предупреди да не оди по стапките на францускиот император.
„За да ја одржи својата лична моќ, Макрон не можеше да смисли ништо подобро од започнување на трета светска војна. Неговите иницијативи стануваат опасни за граѓаните на Франција. Пред да даде такви изјави, Макрон би направил добро да се сети како тоа заврши за Наполеон и неговите војници, од кои повеќе од 600.000 останаа да лежат во црна земја“, објави Володин на неговите официјални канали на социјалните мрежи.
Наполеоновата инвазија на Русија во 1812 година првично напредувала брзо со помош на другите околни земји и тој успеал да влезе во Москва. Сепак, руската тактика ја принуди војската на Наполеон на долго повлекување и стотици илјади негови луѓе умреа од болест, глад и студ. на крајот од март 1814 година по еднодневните борби пред Париз кои ги предводи Русија на која во потиснувањето на француските трупи ѝ се приклучуваат Австриското и Пруското царство француската војска се предава, Наполеон абдицира а во Париз влегуваат руски војници.
Иако САД, Велика Британија и Германија, како и НАТО побрзаа да појаснат дека нема никакви размислувања за испраќање трупи на западните земји членки на боиштето во Укриаина, зачудувачки изјавата на Макрон сепак беше поздравена од некои земји во источна Европа, кои во еден таков конлфикт би биле првите на удар на Русија, којашто го поседува најголемиот нуклеарен потенцијал на светот и секако дека нема да води против нив воени операции како оние на украинското боиште каде има свои единици.
Но, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека Макрон страда од опасна мегаломанија и дека неговата изјава покажува колку погрешна западната политичка мисла станала,
„Ситните и трагични наследници на Бонапарта, кои се обидуваат на златните еполети откорнати пред 200 години, се желни за одмазда со наполеоновата величественост и исфрлаат жестоки и крајно опасни глупости“, рече Медведев.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментираше дека изјавата на Макрон открива дека другите западни земји, за разлика од францускиот претседател, ги разбираат ризиците од директен конфликт меѓу трупите на НАТО и Русија.
„Лидерите на многу европски влади брзо рекоа дека не планирале и не планираат такво нешто. Тоа покажува дека ја разбираат опасноста“, рече Захарова.
Изјавата на Макрдон, исто така, дојде откако кон крајот на јануари имаше остра комуникација меѓу Париз и Москва за учеството на француски борци, како доброволци или платеници на страната на Украина во нејзината војна против Русија. Руското Министерство за одбрана објави дека најмалку 300 лица се бореле во Укрина од крајот на февраури 2022 година по почетокот на руската инвазија.
„„Од почетокот…., повеќе од 300 платеници од Франција прристигнаа во Украина за да учествуваат во борбените дејствија. Некои од нив служеле во Вториот падобранско-десантен полк на Легијата на странците од 11-та воздушно-десантна бригада на Копнените војски на Франција, кој е сместен во Калви, на островот Корзика… Во текот на борбите загинаа околу 130 од нив, а до 170 ја напуштија украинската територија. Од јануари годнава, во зоната на дејствување северниот воен округ на руските вооружени сили (на украинска територија) се наоѓаат 50 борци од Франција“, вели изворот кој не пружа докази за наводите.
Прашањето за учеството на француските војници, активни и поранешни припадници на елитната Легија на странците беше отворена минатата седмица, кога руското Министерство за одбрана објави дека со наведуван проектил погодил објект во близина на Харков во кој биле сместени странските борци, од кои најголем број биле од Франција. Во нападот, според руските извори, загинале повеќе од 60 а ранети биле други 20 странски војници.