
Во четврток во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На некои места рнежите ќе бидат пообилни, особено во текот на ноќта.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.
Утринските температура се движат меѓу 4 и 10, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.