
Цените на нафтата се искачија над 83 долари на меѓународните пазари во петокот, поттикнати од шпекулациите дека водечките производители ќе ја намалат понудата и во вториот квартал од годинава, а можеби и подолго.
На лондонскиот пазар во попладневното тргување цената на барелот за испорака во мај беше повисока за 1,43 долари в споредба со затворањето на тргувањето во четртокот и изнесуваше 83,34 долари. Договорите за испорака во април истекоа во вчера и го затворија тргувањето на 83,62 долари.
На американскиот пазар цената на барелот денеска порасна за 1,54 долари и се тргуваше по 79,80 долари.
Засебно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во четвртокот цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки не се променила значително и изнесувала 82,01 долар.
На крајот од седмицата, трговците беа убедени дека OPEC и нејзините сојузници голем независни извозници предводени од Русија познати како OPEC+ ќе ја ограничат понудата и во второто годинешни тримесечје. Одлуката треба да биде донесена следната сдмица.
Со ограничување на понудата до крајот на годината, тие би испратиле силна порака и тоа би ги зголемило цените, објаснува Карстен Фрич од „Commerzbank“. Доколку го ограничат до крајот на вториот квартал, цените нема значително да се променат, бидејќи можноста веќе е вклучена во цените, додава Фрич.
Истражувањето на Reuters покажа дека OPEC во февруари испумпа 26,42 милиони барели дневно, само 90.000 барели дневно повеќе отколку во јануари.
Поддршка за цените даде и проценката на трговците дека Саудиска Арабија нема значително да ги промени цените на нафтата што им ја продава на азиските клиенти во април.